Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично, посочуваат од претпријатието.Денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.

-ЈСП Скопје заради актуелната ситуација со Ковид 19 излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот, велат од претпријатието.

Досега во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи првично до 28 февруари, а потоа до 31 март.