Судењето на Васо, возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок

Во петок, 3 мај, со почеток од 10:00 часот, во Основниот кривичен суд во Скопје ќе започне судскиот процес против Васил Јованов – Васо, обвинет за сообраќајната несреќа во која трагично загина 22-годишната Фросина Кулакова. Предметот ќе го води судијката Снежана Марковска.

Јованов се товари за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, за што е предвидена затворска казна до 20 години.

ПРЕД ДА ГО УСМРТИ ДЕВОЈЧЕТО ВАСИЛ СЕ СЛИКАЛ СО ЧАША ВИНО: Еве ја вината на ОЈО Скопје

Без дозвола и под дејство на алкохол

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Скопје, на 29 јануари 2025 година, Јованов управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол. Неговата брзина била 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло за возила, тој ја удрил Фросина Кулакова која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силината на ударот, Кулакова починала на лице место.

Обвинение и за таткото на Васил

Во врска со истиот случај, обвинение е поднесено и против таткото на Васил Јованов – Зоран Јованов, кој се товари за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според Обвинителството, во периодот од 4 ноември 2022 до 30 јануари 2025 година, Зоран Јованов свесно му дозволувал на својот син да управува со возило „Пежо 207“, иако знаел дека тој нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти. Крајниот чин на таа негрижа заврши со фатални последици – смртта на Фросина Кулакова.

За потсетување, Радио Лидер прв го обелодени скандалот со Васил Јованов.

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор!

Судењето за Васо ќе започне во петок.