Она што се навестуваше се оствари. Судијата Огнен Ставрев не прифати ниту еден доказ на одбраната ниту пак дозволи сведоци. Ова е непознато во судската пракса обвинетите да се остават без докази и судот да ги прифаќа само оние на Обвинителството.
Откако ги прочита доказите на одбраната ,Ставрев одлучите сите да ги одбие.Дури и се закани дека „неговото влијание може да ги одложи другите судења“.
Со ваквиот епилог, се остварува планот на обвинителот Бурим Рустеми кој на претходните рочишта најави дека ќе бара обвинетите да немаат докази, иако тие имаат право на докази со оглед на тоа што „ТНТ“ почна од почеток.
Она што во судските кругови се коментира дека пресудите за овој случај се веќе напишани и дека намерата е пресуда да има до 15 декември за Обвнителството и Судот во извештајот на ЕУ да прикажат уште еден „успех“.