Одлуката за учество во новофоримарното натпреварување беше кобна и за неколку високи клупски функционери, манчестер јунајтед остана без долгогодишниот прв оперативец Ед Вудворд, разнишана е и позицијата на сопственикот американското семејство Глејзер. Вредноста на Манчестер Јунајтед на берзата во Њујорк драстично се намалила.

Сега се очекуваат реакциите и од останатите учесници гигантите од Шпанија и Италија.

И покрај истапувањето на англиските клубови, кои беа принудени на такво нешто поради огромниот притисок на кој беа изложени, уверени сме дека нашиот предлог за формирање на ново европско натпреварување е целосно во склад со европското право и правилата .Ова натпреварување би обезбедило зголемување на финасиите на сите фудбалски актери. Во склад со моменталните околности повторно ќе ги разгледаме најадекватните чекори за промени на проектот, за доброто на фудбалот, се наведува во соопштението од суперлигата.