Независна истрага открила дека момчиња во католички интернат во Германија биле редовно изложени на физичко, сексуално и психичко малтретирање речиси 40 години.

Главните иследници Клаудија Бундшух и Бетина Јансен од Трир изјавиле дека насилството врз учениците во училиштето Албертинум во Западен Ајфел започнало во 1949 година и траело до затворањето на училиштето во 1983 година.

Нивниот извештај се заснова на сведоштвата на 54 поранешни ученици од интернатот за момчиња. Откриено е дека учениците биле сексуално злоупотребувани од тројца директори на училиштето, кои исто така биле свештеници, како и една вработена.

Жртвите на насилството опишале дека биле малтретирани со камшици, влечени за коса и принудени да јадат додека не се разболат.

Сведоштвата за сексуална злоупотреба вклучуваат несакани допири, како и пенетрација. Психолошката злоупотреба се однесува на заплашување, закани и продолжено затворање.

Бискупот од Трир, Стефан Акерман, рече дека е длабоко засрамен од фактот што овие деца и млади луѓе преживеале. Тој побара прошка „за болката што им е нанесена во црковната институција“.

„Точно и важно е оваа темна страна на училиштето Албертинум да стане јавна и сторителите да одговараат“, додаде тој. Истрагата започнала во октомври 2019 година и била спроведена независно од Црквата, објави германски Цајт.