Денеска се прославува Светскиот ден на ромскиот јазик кој ги промовира ромскиот јазик, култура и образование. Ваквата традиција е веќе 14 години, почнувајќи од овој ден во 2009-та година.

Ромскиот јазик служи како моќен мост во денешниот сложен свет на политиката, поврзувајќи ја богатата култура на Ромите, славејќи го нивниот идентитет.

Светскиот ден на ромскиот јазик денеска го честитаа ретседателот Стево Пендаровски, по повод 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, ја упати следната порака до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија:

„Ромскиот јазик е значаен дел од идентитетот на ромскиот народ“, вели претседателот.

Освен Пендаровски, честитки упати и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Токму овој ден укажува на тоа дека препознавањето на сите јазици како еднакви е висок цивилизациски чин, и истиот е дел од нашите напори да ги елиминираме сите форми на дискриминација, пишува Спасовски.

Хрватскиот парламент официјално го призна во 2012 година, а УНЕСКО го прогласи 5 ноември за Светски ден на ромскиот јазик во 2015 година.

Од 2018 година, 16 земји-членки на Советот на Европа го признаа ромскиот јазик како малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици.

Честит 5 Ноември – Светски ден на ромскиот јазик.