Кениската влада и Светската здравствена организација (СЗО) денеска отворија центар за одговор на здравствени итни случаи во Најроби, прв во планираната мрежа на такви центри во Африка.

Објектот ќе вклучува центар за обука, професионалци кои ќе можат да пружат итна медицинска помош во првите 24 часа од здравствена криза и залихи на медицинска опрема.

СЗО соопшти дека сака да помогне во формирањето тимови за брз одговор во секоја африканска земја.

-Гледаме дека континентот многу практично ја изразува својата решеност да биде подобро подготвен за следната пандемија. Ова ќе биде наш придонес во градењето на нивните здравствени капацитети за да бидат многу подобро подготвени и способни да одговорат на здравствените кризи, изјави регионалниот директор на СЗО за Африка, Матшидисо Моети.

Кенија ќе стане регионален центар за медицинска опрема, што ќе им помогне на соседните земји да ги добијат побрзо лекови што им се потребни.