Експертскиот комитет на СЗО ја препорача оваа вакцина, која се дава во две дози во растојание од две до четири недели, на возраст над 18 години.

Тоа е втора кинеска вакцина одобрена од СЗО, што значи дека сега е вклучена во меѓународниот систем Ковакс за дистрибуција на вакцини, особено во посиромашните земји.

-На светот очајно му требаат многу вакцини против ковид-19 наспроти огромните нееднаквости во светот, рече д-р Маријангела Симао, заменик-директор на СЗО задолжена за пристап до лекови.

На 7 мај, СЗО ја одобри Синофарм, првата кинеска вакцина.

Ефективноста на Синовак е 57 проценти во спречување на симптоматските случаи на ковид-19 и 100 проценти во избегнување на најтешките форми и хоспитализации, соопшти СЗО. Ефикасноста за оние над 60 години не е оценета.

Инактивираната вакцина е лесна за чување и е особено погодна за сиромашните земји, нагласува агенцијата.

Организацијата исто така даде зелено светло на Модерна, Фајзер-БиоНТех, две вакцини АстраЗенека произведени во Индија и Јужна Кореја и на Џонсон и Џонсон.

Синовак веќе се користи во 22 земји – покрај Кина и во Тунис, Чиле, Бразил, Индонезија, Мексико, Тајланд и Турција.