За Би-Би-Си дел од нив изјавија дека се очајни што им е забрането да се вратат на училиште.

-Се изгледа прилично мрачно, изјави една од нив.

Портпаролот на талибанците соопшти дека нема планови наскоро да бидат отворени училиштата за девојчиња.

Во Авганистан расте стравот дека може да се врати суровото правило од 1990-тите, кога беше воведена слична забрана.

Во соопштението на талибанците објавено пред денешното отворање на училиштата се наведува дека „сите машки наставници и ученици можат да бидат дел од образовните институции“, каде средношколци се претежно ученици на возраст од 13 до 18 години.

Авганистанската агенција Бактар подоцна го цитираше портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, кој соопшти дека „наскоро ќе бидат отворени и женски училишта“. Тој кажа дека талибанските службеници во моментов работат на „процедурата и деталите за ова прашање“, кои вклучуваат поделба на наставниците.