Претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари попладнево на фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со здружената Албанска опозиција.

Ова би значело дека АА на избори ќе учествува заедно со партиите на Меџити, Касами и Гаши.

– Безрезервно верувам во моите сопартијци и во нашата заедничка визија и ја барам нивната нивната доверба Алијансата на Албанците да влезе во изборната трка заедно со албанската опозиција и заедно да направиме најдобро за државата. – напиша Таравари на фејсбук.

Тој најави дека оваа коалиција ќе испише историја со тоа што ДУИ по подолго време ќе падне од власт.

– Многумина читаат историја, но ретко имаат шанса да пишуваат историја. Денеска ја имаме оваа шанса веднаш. Ајде да бидеме оние што испишуваат историја. – поентираше Таравари.