Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ја официјализираше својата кандидатура за Гостивар на локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври. Тој изјави дека е оптимист за поддршката на граѓаните, бидејќи зборува со јазикот на работите што ги извршил.

Арбен Таравари, кој победи на локалните избори во Гостивар во 2017 година, доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците. Тој ужива силна поддршка од членството во партијата на централно и локално ниво, и според сите анкети повторно е фаворит и победник на годинашните локални избори, соопшти Алијанса за Албанците.