Две прослави на годишнината од потпишување на Рамковниот договор
Еден охридски мировен Рамковен договор, две различни прослави. Годишнината од Рамковниот договор, Албанците ќе ја прослават на два фронта. Едниот ќе биде организиран од Владата каде централно места зема коалицијата „Вреди“, а останатиот ќе биде органзизиран од ДУИ.
Таравари: Приватни забави може да организира секој
Вреди веќе со денови обвинува дека ДУИ го сквернави она што е постигнато со Рамковниот мировен договор, а ваквиот став денеска го повтори и министерот за здравство Арбен Таравари. Самоиницијативната паралелна прослава на годишнината на рамковниот договор од страна на ДУИ тој ја опиша како приватна забава.
Приватни журки, забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешниот настан кој го организира Владата. Добредојдени се, а приватни журки нека продолжат, нека си организираат, рече Таравари.
Според него ДУИ ги разединува Албанците. Таравари вели дека историските настани никогаш не биле приватна припадност на ниту една партија. Тој дополни дека на ДУИ тешко ѝ оди да прифати дека е во опозиција.
Преписки на релација Вреди – ДУИ
Претходно и пратеничката Саранда Имери која е ќерка на Имер Имери ги обвини ДУИ дека датумот за одбележување на годишнината на Рамковниот договор за „тесно партиски интереси“. Имери е еден од потписниците на рамковниот договор.
Засега, од партијата на Ахмети остануваат на ставот за паралелна прослава на Рамковниот договор. Во меѓувреме, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски обвинува дека ДУИ се спрема за дестабилизација на државата. Оттука се отвора прашањето „дали ДУИ со ваквите приватни настани сака да предизвика немири во Македонија“.