Хрватскиот актер Тарик Филиповиќ на 11 април од 20 часот во МНТ ќе ја игра претставата „Секс и глад“. Филиповиќ, кој на регионалната јавност ѝ е познат и како водител на квизот „Кој сака да биде милионер“, во претставата глуми сексолог, професор и плејбој.
„Во комедијата која е популарна во регионот, Тарик Филиповиќ зборува за модерните феномени како сајберсекс и за други теми поврзани со сексот кои сѐ уште се табу кај нас. Претставата е мултимедијална и интерактивна, а во неа има и музика и танц. Драго ни е што по распродадената ‘Ќиро‘ пред шест години во МНТ, која Тарик му ја посвети на легендарниот фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ, повторно соработуваме со него“, велат од „КМК и Кикса продукција“.
Текстот го напишаа Тарик Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режисер е Марио Ковач.