Таа во емисијата “Клик плус“ која се емитува на телевизија Тв21 истакна дека не може премиер на држава да се јавува кај полицајци за да пуштат луѓе преку граница, кога поминувањњто е забрането, па макар тоа било и граѓанин со мали деца.
Таа додава дека има процедури на системот и ако требало да им се помогне на луѓето требаше да се најдат други решенија.

-Не може премиерот да се јави и да имсе јавува на полицајците. Макар и да станува збор за граѓанин. Така се прави во сите сфери. Има процедура и таа треба да се почитува од сите. Ако сакаше да се помогне можеше да се најдат други решенија, рече Тасева.

Таа додава дека треба да се промени однесувањето на институциите и да се остават полицајците да си ја вршат својата работа.