Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина“.

– Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин, според Кремљ, го информирал Шолц и за учеството на претставници на ОН и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол.