Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Температури до минус 13

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 13 до минус 5, а максималната ќе достигне од -1 до  6 степени.

Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до  3 степени.

Врнежи од снег

Утре пак, во западните предели ќе има врнежи од дожд и од снег на пониските места. На повисоките населени места и на планините ќе има врнежи само од снег.