На 20.02.2022 околу 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(21) од с.Љубодраг, С.М.(36), Д.Л.(28) и С.Т.(25), сите од с.Љубодраг, кумановско.

Лицата, информира МВР, на бензинска пумпа во близина на Железничката станица во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.