Полицијата денеска извести дека синоќа околу 20.30 часот од КПУ „Идризово“ е пријавено дека околу 19.25 часот во затворениот дел од установата повеќе осудени лица го нападнале осуденикот Е.С.(33), а осуденикот Б.А. со остар предмет му нанесол повреда на нападнатиот.

Од МВР велат дека „се работи на расчистување на случајот“.