Во затворот „Идризово“ биле пронајдени 171 таблета во пакет наменет за осуденик, кој претходно го оставила неговата мајка.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 7 ноември во 15:55 часот, откако при проверка на пакетот, наменет за 40-годишниот Г.С., биле откриени таблетите.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои таблетите биле оставени во затворот.
