Најмалку 40 лица се здобија со повреди, од кои 20 потешки, откако патнички автобус по судир со автомобил излета од коловозот и падна во бездна длабока 20 метри во близина на Барселона. Тешката сообраќајна несреќа се случи на патен правец што минува низ подрачјето на населбата Фогарс де Монклус.

Веднаш по несреќата беше активирана масовна спасувачка операција од страна на локалните служби. На терен пристигнаа 15 амбулантни возила за итна медицинска помош, два хеликоптери за итен транспорт на критичните пациенти, како и три комбинирани екипи за противпожарна заштита и прва помош.

Противпожарната служба ангажираше вкупно 20 специјализирани екипи за извлекување на настраданите, вклучително и две професионални единици опремени за спасување на планински и тешко достапни терени. Дел од патниците кои поминале со полесни телесни повреди успеале сами да се искачат низ стрмниот насип и да излезат на коловозот пред пристигнувањето на медицинските тимови.