Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила во скопски Бутел.

Од МВР информираат дека денеска добиле пријава за случена сообраќајка на улицата „Радишанска“.

– Денеска во 12:12 часот пријавено е дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот, велат од МВР.

Полициски екипи се на терен каде што се врши увид.