Патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје, информира МВР.
Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.