На 06.08.2021 околу 14.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, пред наплатна станица Виничани, З.Р.(45) од с.Тремник, неготинско, управувајќи патничко возило „опел“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Р.(70) од с.Треминк, а возачот З.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Бил извршен увид на местото на незгодата.