Вечерва во Скопската населба Ченто се случила тешка сообраќајна несреќа во која има повредени.
Според информации за кои засега нема потврда од Министерството за внатрешни работи, на потегот меѓу последната и претпоследната станица на автобусот број 45 дошло до тешка сообраќајна несреќа меѓу две возила, по која едното се превртело.
Првичните информации дека се работи за престрелка не се точни според МВР.
Сепак, неофицијалните информации говорат дека еден од учесниците во сообраќајната несреќа се заканувал со пиштол, пишува Фокус.