Според информациите, возило бегало од полициска потера, и со голема брзина пресекло пат на комбе, и удрило во дрво, а комбето се превртело.

Првично, дел од медиумите објавија дека станува збор за вооружена престрелка, меѓутоа се испостави дека тоа не е точно.

Сепак, неофицијалните информации говорат дека еден од учесниците во сообраќајната несреќа се заканувал со пиштол.

Полицијата е на лице место и врши увид. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.