На 02.04.2022 во 05.50 часот било пријавено дека на ул.„Скупи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот, но подоцна возачот самиот се пријавил во Полициската станица Бит Пазар.

По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу 12.00 часот им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.