На 24.09.2022 околу 10.30 часот на ул.„ЈНА“, во близина на маркет во Тетово, патничко возило „рено“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(58) од с.Шипковица, тетовско, удрило во пешакот Б.Г.(63) од Тетово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Г., констатирани во Клинички центар Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.