71-годишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата била пријавена во СВР Скопје на 26 август 2026 година околу 14:50 часот. Во неа учествувале мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 33-годишниот С.Н. од Скопје, и велосипед што го управувал 71-годишниот Д.Ч., исто така од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.