На 04.09.2023 околу 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, С.Т.(63) од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот, информира МВР.

Во несреќата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.