79-годишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила во Охрид.

Како што информираат од полицијата, несреќата била пријавена на 4 октомври 2026 година околу 10:55 часот во СВР Охрид. На улицата „Јане Сандански“, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Б.Х. од Охрид, удрило во 79-годишната М.Н. од Скопје.

Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Од страна на увидна екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на несреќата. При увидот било констатирано дека возачот го управувал возилото и покрај тоа што имал изречена активна забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.