Во текот на вчерашниот ден тетовчанка го пријавила синот за семејно насилство.

Вчера во 10 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец А.Б., кој претходно бил пријавен од неговата мајка дека извршил семејно насилство.

– Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а со потврда му бил одземен и нож, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.