Полицијата синоќа запрела 21-годишен возач со автомобил во Тетово, кој одбил да се легитимира и избегал обидувајќи се да прегази еден од полицајците, а подоцна се вратил на местото и го нападнал, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(21) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „предизвикување на општа опасност”. Пријавениот, во близина на градскиот стадион на улица „Иво Рибар Лола” во Тетово, при обид да биде легитимиран, со патничко возило се обидел да прегази полициски службеник, по што со возилото се оддалечил од местото“, пишува во полициското соопштение.

Насилникот подоцна дури и се вратил, агресивно се однесувал и физички нападнал еден од полицајците, додаваат од МВР.