Тој е задржан во полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени неколку соодветни поднесоци.

– Вчеравечер околку 23 часот, на улица „146″ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Р.М., кој претходно со импровизирана направа шише со запалива течност предизвикал експлозија, ставајќи ја направата на ограден sид, а потоа се обидел да избега, информира МВР.

Младиот тетовец е евидентиран како случај на непочитување на забраната за движење и ќе се соочи со кривична пријава согласно член 206 од кривичниот законик.

Воедно поради причинувањето на експлозија ќе биде пријавен и за предизвикување на општа опасност.