ДУИ изгуби во најголемите населби на Тетово. Иако ДУИ како дел од централната и локалната власт, има голем број функционери, сепак не успеаја да ги задржат гласовите дури и во населбите каде што живеат тие, објави „ТВ21“.

Теута Арифи која живее во иста населба со Фатмир и Фљорим Бесими, директорот на ЈКП Тетово, Туши Дервиши, изгуби во населбата Горна Чаршија каде живее и Биљал Касами.

Беса освои 688 гласа а ДУИ 644.

Најголем пораз ДУИ претрпе во Џепчиште место каде што живее и директорот на Држани патишта, Ејуп Рустеми.

Џепчиште:

Биљал Касами – 1019 гласа

Теута Арифи – 843 гласа

Во населбата Центар, ДУИ има неколку свои функционери меѓу кои и самиот шеф на кабинетотна Теута Арифи, Арменд Фазлиу , каде изгуби со 2:1.

Населба Центар:

2256 гласа за Биљал Касами

1132 гласа за Теута Арифи

Длабок пораз Интегративците претрпеа и во Мала Речица каде живеат тројца директори од редовите на ДУИ. Адем Авзиу, директор на Елем Турс , Ремзи Абдулаху, зам. Директор на Платежната агенција како и директорот на Радиодифузија Фестим Халили.

Беса 2048 гласа

ДУИ 1650 гласа

ДУИ изгуби и во населбата Теќе каде живее директорот на ФЗО, Фатон Ахмети воедно и шеф на на ИШ во Тетово.

Беса 1171 гласа

ДУИ 842 гласа

Поразителни резултати ДУИ има и во Порој каде живее директорот на тетовското претпријатије за земја и патишта, Арсим Нуредини и Илбер Алији, раководител на Здравствениот фонд во Тетово.

Беса 869 гласа

ДУИ 551 гласа

Една од најголемите населби во Тетово е населбата „Тетекс 1“ каде поминува булеварот Благоја Тоска. Тука живее директорот на градски паркинг, Садат Алили, а и во оваа населба ДУИ доживеа пораз.

Беса 1514 гласа

ДУИ 878 гласа

Во општина Тетово, кандидатот и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами освои вкупно 21.591 гласа, 5.049 повеќе од противкандидатот од редовите на ДУИ, 16.542 гласа. Арифи со Општина Тетово раководеше 8 години.