Полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ ноќеска во 01.40 часот во месноста Лавчани на територија на Велес го приведоа З.Н. (30) од село Батинци кој се барал со потерница поради основано сомнение за повеќе сторени кривични дела, меѓу кои две „обид за убиство“.
Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.