На 26.03.2023 вo 17:40 часот во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и мопед „јамаха“, управуван од К.Џ.(19) од Скопје.

Во несреќата К.Џ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.