Матеј Периш (27) од Сплит исчезнал во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, по што му се губи секаква трага. Се појавија снимки на кои се гледа дека Матеј сам влегол во реката Сава, а потоа продолжил да плива. Наводно на се’ му претходела неговата трка по централните улици на Белград, која траела повеќе од еден час.
Чудното однесување на исчезнатото момче засега е тешко да се објасни. Она што засега е точно утврдено, тврди извор од истрагата, е што правел сплиќанецот во ноќниот клуб во кој бил со своите пријатели.
Му кажа на еден другар дека оди во тоалет и тоа е последната личност со која разговарал. Друштвото во кое бил нарачувал и вино и виски во клубот, а Матеј бил видно пијан пред да го напушти клубот. Се тетеравеше, истураше алкохол од шише кое беше на масата, па доби опомена од обезбедувањето“, тврди изворот.
Организаторот на забавата во клубот „Готика“ вчера истакна дека Матеј и неговото друштво немале резервација за влез во клубот, но дека и самите на крајот му потврдиле дека се било супер.
„Момците од Сплит не ми беа гости, тие влегоа во клубот без резервација. Се беше нормално. Никој не ги допре, немаше проблеми. Ги прашав неговите пријатели дали се загрозени на некој начин во клубот, рекоа дека не.Тие потврдија дека немале конфликт со никого, дека сите биле љубезни. Ги прашав дали се дрогирале, ми рекоа не“, изјави организаторот на оваа забава, познат белградски угостител.
Продолжува мистеријата за снимките на кои наводно е Матеј Периш. Иако неговиот татко потврдил дека на некои од снимките е и младото момче, тој демантираше дека неговиот син е на видеото на кое се гледа како некој плива во реката. Друга нелогичност е тоа што во оригиналниот опис на Матеј од неговите пријатели и полицијата, тој носел црни патики со бел ѓон, додека од достапните снимки се гледа дека младиот човек што трча има бели патики.