Основачот на „Tesla“ и сопственик на „X“, Илон Маск, ја обвини фондацијата на Џорџ Сорос, американскиот магнат со унгарско потекло, дека сака да ја уништи западната цивилизација, „додека се подготвува за средба“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Калифорнија.
Маск одговори на објавата на еден корисник кој сподели снимка од луѓе кои доаѓаат на италијанскиот остров Лампедуза од Северна Африка, нарекувајќи го „инвазија на Европа, предводена од Џорџ Сорос“, објави Гардијан.
„Се чини дека организацијата на Сорос не сака ништо помалку од уништување на западната цивилизација“, објави сопственикот на „X“ (поранешен Твитер). Наводно, Маск треба да се сретне со Нетанјаху на разговори за кои и двајцата рекоа дека ќе се фокусираат на технологијата на вештачка интелигенција наместо на Лигата против клеветата (ADL), со која Маск се расправаше за антисемитизмот на Твитер.
Еден јужноафрикански бизнисмен се закани дека ќе ја тужи АДЛ, група за граѓански права со седиште во САД која води кампања против антисемитизмот и фанатизмот, велејќи дека се обидува да ја „уништи неговата платформа со лажно обвинување.
Групите за човекови права го обвинуваат Маск дека сè повеќе го поттикнува антисемитизмот на неговата платформа, што тој го негира. Гардијан наведува дека Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос е „редовна цел на екстремната десница“, првенствено затоа што ги поддржуваат групите на граѓанското општество, вклучително и некои кои се занимаваат со безбедноста и благосостојбата на мигрантите, бегалците и барателите на азил.
Маск исто така го нарече милијардерот и шеф на Фондот за отворено општество мизантроп кој „во основа го мрази човештвото на фундаментално ниво“.
„Сорос во основа го мрази човештвото и ги поддржува плановите кои ја нагризуваат структурата на цивилизацијата“, рече Маск во интервју за американскиот публицист Џо Роган.