Полицијата од СВР Скопје и криминалниот оддел уапсила пет лица, кои продавале дрога во изнајмени станови во Центар и Ѓорче Петров, објави Тони Ангеловски, портпаролот на МВР на денешната прес-конеференција.
За едниот дилер, гласноговорникот на МВР потврди дека е учителка од основно училиште и дека продавала дрога надвор од работното време.
Кај уапсените била пронајдена лабораторија за амфетамин и дрога во вредност од половина милион евра
Биле запленети еден килограм кокаин и четири возила, а претресени биле пет локации. пронајдени се и пари од продажбата и една автоматска пушка.
Афетаминот бил продаван по 2.000 денари по грам, а кокаинот за 3.000 по грам. Сите приведени се од Скопје.