Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се огласи на социјалните мрежи по успешно спроведената заедница акција меѓу македонската полиција и ФБИ.
Тој вели дека кога резултатите од работата на македонската полиција добиваат јавно признание од ФБИ, тоа е потврда дека посветеноста, професионалноста и меѓународната соработка даваат конкретни резултати.
-Успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX, реализирано во соработка со ФБИ, покажува дека македонската полиција има оперативен капацитет да биде рамноправен и доверлив партнер во борбата против транснационалниот сајбер-криминал. Особено сум горд на нашите полициски службеници, чија стручност и посветеност стојат зад овој успех, посочува Тошковски.
Министерот додава дека ова признание е за нив, а нивна обврска е да продолжат да ги зајакнуваат капацитетите на македонската полиција и да ја оправдуваат довербата на меѓународни партнери.
