Има информации за дестабилизација на безбедносната состојба во државата, но МВР е подготвена да се справи со предизвиците, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тврдејќи дека сè уште нема толкава загриженост за да се свика Советот за безбедност.
„МВР ќе одговори на секој еден предизвик во иднина, во рамки на неговите надлежности. Покажавме досега дека можеме да се соочиме со сите предизвици и да ги решиме соодветно. Така ќе биде и во иднина. Безбедносната состојба не е загрозена до тој аспект да се свика Советот за безбедност“, изјави Тошковски одговарајќи новинарски прашања по посетата на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.