Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на вечерашната прес конференција истакна дека денешните избори веројатно биле најмирните и најбезбедни избори одржани досега.
Тој се заблагодари за полициските службеници за обезбедување на изборите, на граѓаните на Република Македонија и на медиумите за професионалното известување.
„Да сте живи и здрави, да живее Македонија“, вака Тошковски ја заврши денешната прес конференција.