До крајот на оваа година системот „Безбеден град“ ќе се имплементира на територија на цела Македонија, потврди денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Секој еден македонски граѓанин заслужува да живее во рамки на една побезбедна средина. Овој систем веќе се докажа дека влијае од аспект на безбедноста. Како на микро средина се исполнуваат техничките услови, така ќе ги пуштаме во функција, нема да чекаме секаде да го поставиме системот, па го пуштиме во секој еден град заедно, појасни Тошковски.
Во однос на лажните пораки кои ги добиваат граѓаните за наводно сторен сообраќаен прекршок, министерот истакна дека службите работат во случајот.
Ги повика граѓаните да внимаваат на содржината на пристигната порака и секоја сомнителност да ја пријават.
