Страшна трагедија ја потресе Македонија, а особено македонскиот спорт бидејќи почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи, пренесува СпортСпорт.

Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи почина во болницата во Штип каде беше пренесен утринава по трагедијата во Кочани. Лазаров имаше само 25 години. Тој како вистински херој ги спасувал животите во запалената дискотека, немал потешки изгореници ама вдишувал од чадот што бил присутен во просторијата и тоа било пресудно.

Фудбалска Македонија жали за својот Лазаров, за младиот фудбалер на Шкупи.

Инаку Лазаров низ својата кариера играше за Металург, Работнички, Тиквеш, Рудеш, Горица и Шкупи.