Најмалку 73 лица загинаа, а над 50 се повредени во пожар што избувна во зграда рано утрово во најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург.  Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека некои тела се изгорени до непрепознатливост. Засега не е познато што го предизвикало пожарот во петкатницата, во која станарите биле безбедомници и мигранти од други африкански земји. Станува збор за згарада која претхнодно била запуштена а од неодамна во неа почнале да живеат бездомници и мигранти, соопштија градските власти.

Ураганот „Идалија“ напави хаос во југоисточниот дел на САД. Најмалку едно лице загина, а повеќе од 400.000 домови и бизниси останаа без струја во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина. Невремето предизвика  поплави, однесе покриви на куќи и корнеше дрјва. Едно дрво паднало и врз куката на гувернерот на Флорида, Рон де Сантис. Неговата сопруга Кејси изјавила дека членовите на семејството во тој момент биле дома, но за среќа никој не е повреден. Идалија стана тропска бура и се приближува до Северна Каролина каде синоптичарите исто така очекуваат големи поплави.

Пет работници загинаа во Торино, кога во нив удри воз во близина на железничка станица. Работниците во моментот на несреќата менувале дел од пругата. Во нив удри празен патнички воз кој се движел со брзина од 160 километри на час, соопштија надлежните служби. Двајца други работници се повредени во несреќата, која се случила околу полноќ. Истрагата за причините е во тек.