Работник од кривопаланечко смртно настрадал при пад од висина од објект во градба.
– На 13.03.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С.(59) од село Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17:40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт, известија од полицијата.
