Синот на манекенката Синди Крафорд и бизнисменот Ранд Гербер, Пресли, почина на 27-годишна возраст.
Во медицинскиот извештај се вели дека Гербер починал во центар за рехабилитација, но повеќе детали за причината за смртта не се достапни во овој момент, објави денес ABC.
Гербер, брат на моделот и актерка Каја Гербер, се занимавал со манекенство и на 15-годишна возраст потпишал договор со агенцијата „IMG Models“. Одел по пистите за време на модните недели за модните куќи „Moschino“ и „Dolce & Gabbana“, а учествувал и во кампањи за „Calvin Klein“, „Celine“ и други брендови.
Тој отворено зборувал за своите проблеми со менталното здравје и злоупотребата на дрога, како и за неговиот третман откако бил обвинет за возење под дејство на алкохол во 2019 година.
Во текот на 2024 година, тој објавил серија видеа наречени „Mental Health Mondays“.
Неговата сестра Каја Гербер зборуваше за јавната борба на нејзиниот брат со зависноста во интервју за „Вог“ минатиот месец и го пофали што отворено зборува за своите проблеми. Гербер додаде дека нејзините родители биле многу дискретни поголемиот дел од својот живот и не ги споделувале семејните проблеми јавно, додека нејзиниот брат избирал отворено да зборува за нив.
