14-годишно момче од Сјеница, град во западна Србија, почина во неделата од удар на гром.
Момчето почина додека го чувало добитокот, потврди полицијата за Нови Пазар за РТС.
Според агенцијата Бета, тој починал на самото место, а смртта ја утврдиле лекарите од Здравствениот дом Сјеница.