42-годишната д-р Малтина Ферати од Тетово е една од двете жртви во тешката сообраќајна несреќа што се случи саботата во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер.
Во несреќата животот го загубија две лица, а петмина беа повредени.
Покрај Ферати, во несреќата загинал и 42-годишниот Бледијан Османи, кој управувал со едното возило. Малтина Ферати била сопатничка во автомобил управуван од 45-годишниот А.Ф.
Останатите пет лица биле пренесени во болница, каде им била укажана медицинска помош.
Од Клиничката болница во Тетово се простија од својата колешка, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и сите што ја познавале.
