Според мене решението е, вие знаете дека јас добив кога бев градоначалник 2016-тата година втора награда во Европа за мобилност. Значи nна второ место бевме Лисабон и ние. Тоа значи за автобуски превоз, велосипедскиот превоз, електричните возила кои што беа, електичните возила за „Комунална хигиена“ и сл. Значи ја оцени како исправна нашата, и во наредната програма јас ставив и електрични автобуси, и на Петре Шилегов ја видов програмата и таму пишуваше електрични автобуси, и плус железнички кој што мислам дека му е тотален промашај. Значи решението е електрични автобуси кои што чинат околу половина милион евра еден. И тој со 20 милиони евра, може да набави околу 40 големи електрични автобуси, но треба и да набави и помали бидејчи не секогаш имаме гужва во автобусите, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија.
Трајановски додаде дека батериите на електричните автобуси траат околу 250 километри, тоа значи дека еден автобус цел ден може да вози и да направи десет тури по градот слободно.
„Според мене проектот за БРТ на Шилегов е многу опасно и многу е ризично, и мислам дека ќе создаде огромен револт кај граѓаните“, појасни Трајановски.